Internship   / Кандидати | Internship.mk

Recruiting students and companies worldwide since 2003


internships, (work) placements, traineeships, graduation assignments, voluntary works

Јазик: 
 
 
 

За Коузон -Internship.mk

 
 
Информации за потеклото на нашата организација и на глобалната мрежа
 

За Нас

Коузон е  компанија која како пионер ги направи и постави темелите за испраќање на студенти од Македонија ширум светот во глобалните програми за раземана на студенти , студентска пракса , професионални обуки и секако најатрактивната летна студентска работа . Да се биде дел од светското студентско семејство , да се има можност да се пропатува и видат различни култури и системи на работа , да се запознаеш со нов начин на живот и многу други привилегии , се само дел од бенефитите на учеството во овие програми за INTERNSHIP .Како полноправен член на сите светски студентски интернационални органзиации , Коузон го поширува секоја година спектарот на понуди . На неформален начин сите тие активности придонесуваат за промоција на Македонија ширум светот и истакнување на македонската интелегенција .

Коузон е компанија која има своја мрежа на канцеларии низ повеќе градови во Македонија , скоро во сите Универзитетски градови и свои испостави во Србија, Бугарија , Косово  а од скоро и во Албанија .

Нашето мото , „ живеј го својот сон “ ( Live your dream ) нека биде мотив и за Вас да бидете дел од програмите што ги нудиме .

On line mediation

Покрај стандардните понуди во нашата канцеларија – оваа преку веб страната internship.mk е уникатна содржина која дава целосен спектар на сите понуди што постојат во светот , добиена преку договор за соработка со наши партнери од ЕУ( најголемата и највлијателна интернет база за размена на студенти и практиканти ) .Системот функционира на многу едноставен и интерактивен начин , во кој Вие треба само да знаете што сакате и каде сакате да одите на пракса или обуки. Другото е само процес во кој секој ден по неколку минути ќе треба да се ангажирате на ажурирање на вашиот профил т.е вашето ЦВ и секако да го пласирате кај некој од илјадниците понуди на мрежата која ви ја нуди internship.mk

Бенефитот да бидете дел од тој систем ќе го добиете со уплаќање на минимална сума на средства на ж-ската на Коузон , по што ние ќе ви доделиме USER NAME & Password .  Користењето на системот че може да биде во период од 1, 3, 6 или 12 месеци . Во зависност од периодот на користење , варира и надоместокот кој се плаќа.

Глобална мрежа - Коузон е дел од неа

Глобалната мрежа која Вие ја имате на располагање преку оваа веб страна е помогната како проект од  European Union initiative Leonardo da Vinci.Повеќе од 24 .000 студенти годишно се пласираат преку овој уникатен систем . Системот не нуди индивидуална помош по кандидати . Едноставно Вие како кандидат самите се пласирате со Вашето ЦВ фо потенцијалниот работопонудувач. Само тој , фирмата која сака да Ве земе за пракса , може да ве избере да бидете нивен практикант .

Мрежата секојдневно се надополнува со нови понуди и нови можности . Развојот е извонредно голем и сестран , при штоможе да се најде понуда за сите можни профили.

 

Визија и Мисија

Визијата на основачите на ова глобална мрежа е повеќе од јасна. Можност која е достапна до сите студенти . Мрежата им дава можности и на компаниите да иницираат интернационализација во нивните работни средини и секако вработување на практиканти на одреден период .Интернационализацијата е многу важен мотив кај голем број компании во развиениот свет , и секако можност за регрутирање на таленти и професионалци за идните вработувања во нивните компании .

Мисијата е дефинирана како помош со централизирани информации кои во позадина се проверуваат од тимот на органзиацијата со седиште во Амстердам. На ваков начин неможе да с еслучи некој од Вас да замине кај непроверен и несигурен работодавец. Бидеки целиот проект е спонзориран и од програмите на ЕУ , сигурноста во целиот процес е на највисоко ниво .

Мрежата на internship.mk како дел од глобалната internship мрежа е пат кон Вашиот личен успех. Бидете дел од неа